Top Sport

Палермо повторно пред банкрот, семејството Мири се предомисли

Италијанскиот второлигаш Палермо, во кој играат македонските интернационалци Илија Несторовски и Александар Трајковски, повторно се наоѓа во тешка финансиска криза, откако семејството Мири се повлече од преземањето на клубот, оставајќи ја судбината во рацете на навивачите.

Клубот од Сицилија е во постојана криза неколку години, која изгледаше дека е завршена кога Мауро Ѕампарини го продаде клупот на англиска групација, но таа само неколку недела подоцна ја врати сопственоста на Ѕампарини откако се откри дека немаат доволно средства за трансакцијата.

Минатиот месец клубот беше пред банкрот, но локалниот бизнисмен Дарио Мири даде 2.8 милиони евра, купувајќи рекламен простор околу тренинг-кампот на тимот. Но, денеска тој изјави дека нема да ги откупи акциите на клубот и дека тоа е сè што ќе направи.

Директорот на клубот, Рино Фоски изјави дека заостанатите плати ќе бидат исплатени во понеделник, но не е јасно од каде ќе дојдат тие. Едно можно решение е да се направи акција на навивачите кои би купиле и по една акција за да привлечат повеќе инвестотори бидејќи клубот е блиску до враќае во Серија А.

Scroll to Top