Top Sport

Кобајаши ја продолжи сезоната од соништата во Трондхајм (видео)

Сезоната во ски скокови целосно му припаѓа на Рјоју Кобајаши. Младиот Јапонец во четвртокот ја оствари својата 12. победа во Светскиот куп оваа сезона со триумф во норвешкиот Трондхајм.

Кобајаши оваа недела стави печат на својата прва титула од Светскиот куп, а во декември и јануари стигна до победи на сите четири скокалници од Новогодишната турнеја.

Во Трондхајм тој оствари 298.4 поени со скокови од 141 и 141.5 метри, далеку пред Норвежанецот Андреас Стјернен (288 поени), додека трет беше Австриецот Штефан Крафт, второпласираниот во генерален пласман.

Светскиот куп продолжува во Норвешка, со скоковите во Викерсунд в недела.

Scroll to Top