Пред три години тргнаа од ништо, играа во најнискиот ранг на италијанскиот фудбал, а синоќа се вратија во Серија Б. Фудбалерите на Палермо, го добија баражот против Падова, со вкупни 2:0.
Пласманот на Палермо во Серија Б, го испратија 37.000 навивачи на „Ренцо Барбера“ стадионот.
Единствениот гол во реваншот го постигна Брунори во 25.минута. Падова натпреварот го заврши со двајца играчи помалку.
Палермо е еден од култните италијански тимови, долги години за овој клуб во Серија Б играа Македонците, Илија Несторовски и Александар Трајковски. Дресот на клубот од Сицилија го носеле големи ѕвезди Кавани, Иличиќ, Дибала, Пасторе, Миколи, Кјер, Џилардино…
Pretty in Pink.#Palermo#SerieC pic.twitter.com/2uvopk3xjq
— Kirkby (@tranmerekev) June 12, 2022