Палмеирас ја одбрани својата титула од Копа Либертадорес, најелитното клупско натпреварување во Јужна Америка, откако по продолженијата со 2:1 го победија бразилскиот ривал Фламенго со голот на Дејверсон по катастрофалната грешка на Андреас Переира, позајмениот фудбалер од Манчестер јунајтед.
Ова е третпат клубот од Сао Пауло да го освои трофејот од Либертадорес, по титулите во 1999 и 2020 година и тие стануваат првиот клуб кој ја одбранил титулата по Бока јуниорс во 2001 година, додека во исто време ова е осми триумф за бразилски клуб од 2010 година.
Рафаел Веига ги донесе Палмеирас во водство по само 5 минути игра во Монтевидео, Уругвај, откако по контранападот на Палмеирас, поранешниот дефанзивец на Арсенал, Давид Луиз потфрли во одбраната.
Фламенго израмни во 72. минута преку Габриел Барбоса, попознат како Габигол, човекот кој ги постигна двата гола во минатогодишното финале против Ривер плата. По само пет минути во продолжението, Переира направи грешка, за да дозволи Дејверсон лесно да го совлада голманот на Фламенго.
??⚡️ Deyverson came off the bench, won possession, ran through and scored a huge @Palmeiras winner!
Verdão are CONMEBOL #Libertadores champions once again! pic.twitter.com/8mmfdaQf2g
— CONMEBOL Libertadores (@TheLibertadores) November 27, 2021