Фудбалерите на Палмеирас се пласираа во финалето, во Копа Либертадорес. Шампионите од 1999 и 2020 година, во полу-финалето го елиминираа Атлетико Минеиро.
Првиот меч, одигран на теренот на Палмеирас, заврши без голови, нерешено беше и во реваншот. Палмеирас благодарение на голот постигнат на гостински терен избори место во финалето.
Едуардо Варгас во 52.минута постигна гол за Атлетико Минеиро, а изедначи Дуду во 68.минута.
Вечерва ќе биде познат противникот на Палмеирас во финалето. Фламенго, во Еквадор, против Барселона, ќе ја брани предноста од 2:0.