Грчкиот клуб Панатинаикос, конечно го исплати Мајкл Есиен, и уште двајца фудбалери (Себастијан Лето и Точе) во обид да ја избегнат можноста да загубат девет поени во уште еден проблематичен момент за тимот кој се бори со огормните долгови и е под закана за испаѓање во втората лига.
Спортскиот судија одлучи дека Панатинаикос мора да ги исплати долговите на фудбалерот од Гана, Есиен, аргентинското крило Себастијан Лето и шпанскиот напаѓач Точе во следните три дена или да загуби девет поени. Есиен дојде во Атина од Милан во 2015 година и си замина по една сезона одбележана со повреди.
Иако обично се борат за титулата, Панатинаикос сега се на 10. место во грчката лига со 16 клуба. АЕК Атина се први со 60 поени, два повеќе од ПАОК на три меча пред крајот на сезоната.