Спортската редакција на „Билц“, со гласовите на читателите го избра најдобриот момент во историјата на српскиот спорт. Меѓу 100. незаборавни потези, победи Дарко Панчев и неговиот гол од пенал, со кој во Бари, Црвена звезда ја освои титулата во Купот на европските шампиони. За овој незаборавен момент гласале 25.000 читатлели.
„Спортал“, по повод својот роденден направи интервју со Панчев. Македонската и регионална легенда смета дека тој тим на Црвена звезда бил доволно силен да освои уште некој европски трофеј.
Каде ќе беше Звезда ако немаше санкции?
„Повторно ќе бевме шампиони на Европа! Ако не во 1992 година, тогаш во 1993 година, затоа што, да немаше санкции, многумина од нас ќе останеа во Звезда. Сè уште ќе бевме силни“.
А каде ќе бевте да не одевте во Интер, дали тоа беше најлошиот потег во вашиот живот?
„Да. Можев да бирам и го избрав најлошото. Тоа е како кога ќе ти понудат четири убави, а ти ќе ја избереш онаа од која ќе се разведеш. Но, тоа е животот“.