Top Sport

Панчев го советува Јовиќ: Оди си од Реал, кажи им кој ве шиша

Дарко Панчев е еден од најдобрите голгетери на просторите на поранешна Југославија. Круна на на неговата кариера е освојувањето на титулата во Купот на шампионите со Црвена звезда. Таа сезона Панчев ја освои „Златната копачка“ како најдобар стрелец во Европа.

Најдобриот македонски фудбалер во 20 век, во интервју за Би-би-си Србија рекол дека во изминатите две и пол децении на просторите на поранешна Југославија и особено во Македонија не видел некој со талент каков што бил неговиот.

„Може да се каже дека репрезентативецот на БиХ Един Џеко е добар играч, Александар Митровиќ е коректен играч, а Лука Јовиќ ќе го чекаме да поране и да напредува“, рекол Панчев.

„Нема голем избор. Напаѓачите секогаш се проблем, тешко се прават“.

Панчев има совет и за Јовиќ за кого Реал платија 60 милиони евра, а тој сезонава има постигнато само два гола. Јовиќ најчесто е на клупата за резерви, ешто што му се случуваше на Панчев кога беше играч на Интер.

„Тој има само 21 година, допрва треба да ја гради кариерата. Јас пред Интер имав десет години кариера во Југославија, поради тоа можев да си дозволам да се искарам, да им кажам да одат бестрага, да бидам дрзок, да се инаетам. Доколку не му се смени статусот, тој во јуни треба да замине, да побара да го пуштат некаде каде што ќе игра. Треба да мисли на својата кариера, кој го шиша Реал, во последните 12 години само еднаш биле прваци на Шпанија“, заклучил Панчев.

Панчев: Не се станува најдобар во историјата со победи над Гибралтар и Лихтенштајн

Scroll to Top