Top Sport

Најдолгиот погоден тикет во „Спорт Лајф“ вреди 100.000 денари

Во „Спорт Лајф“ стартува нова акција за редовните играчи, членови на СЛ клубот. Под називот „До 50 шанси за 100.000 денари“ тие ќе се натпреваруваат во 8 неделни етапи од понеделник до недела, од 02.3. до 26.4.2020 год.

Во тој период, на неделно ниво, ќе бидат доделувани вредни подароци за оние кои ќе погодат најмногу натпревари на еден тикет, независно дали е добитен или недобитен.

Играчите со најмногу погодени натпревари на тикет ќе освојат 100 000 денари, за второпласираните следува вредносен ваучер од 25 000 денaри за производи од „Анхоч“ или „Техномаркет“, а пак третопласираните добиваат подарок месечно обложување, со вредносни ваучери од 200 денари секој ден.

Минималната уплата на тикет е 20 денари, додека на еден тикет може да се одиграат и до 50 натпревари со минимум коефициент од 1,30.

Акциската понуда ги опфаќа и тикетите од понудата за обложување во живо, микс тикетите и Супер тип понудата, а важи само за не системските тикети, односно за тикетите со една комбинација.

Најуспешните играчи од сите осум неделни етапи од оваа акција, ќе изборат директен пласман во финалната фаза на Типстер куп натпреварот и можност да играат и освојат стан во Скопје, во елитната населба Водно.

Oваа акција е награда за лојалноста на играчите на „Спорт Лајф“ и поттик за оние кои ќе му се придружат на СЛ клубот. Со тоа се здобиваат со екслузивно право да учестуваат во голем број акции и да добиваат подароци со освоените поени од игра во СЛ маркетот.

Повеќе информации на sportlife.com.mk/pogodinajmnogu

Scroll to Top