Top Sport

Панчев и генерацијата 91-ва утре почесни гости на „Маракана“

Утре Црвена звезда се враќа во фудбалската европска елита, и клубот не заборави на својата славна генерација од 1991 година, која го освои европскиот трон во Бари со голот на Дарко Панчев во пенал серијата.

Затоа клубот утре на „Рајко Митиќ“ во 20 часот, еден час пред стартот на дуелот со Наполи, ќе ги почести Дарко Панчев, Илија Најдоски, Роберт Просинечки, Стеван Стојановиќ, Владимир Југовиќ, Синиша Михајловиќ, Дејан Савиќевиќ и другите од оваа генерација, најдобрата во историјата на екс-Југославија. Тие ќе имаат почесен круг во 20 часот, за што се доби дозвола од УЕФА.

Scroll to Top