Дарко Панчев, голгетерот на златната генерација на Црвена звезда од 1991 година во разговор за интернет страницата на трофејниот српски клуб рекол дека пандемијата што ја предизвика вирусот КОВИД-19 ќе ја победиме дисциплината ќе клуч за победата над вирусот.
„Потребно е да ги слушаме надлежните како во Скопје така и во Србија. Стручњаците велат дека најдобра превенција е изолацијата. Јас го почитувам тоа. Верувамд ека со дисциплина ќе можеме да победиме“, рекол Панчев и појаснил дека не му е непознато што значи карантин.
„Ние кои во „она“ време одевме во војска сме навикнати на вакви карантини. Не ми паѓа толку тешко како што не им паѓа тешко и на професионалните фудбалери кои во минатото и по цела недела биле во карантин како дела од подготовките за важни натпревари. Меѓутоа има и луѓе што не се навикнати на нешто такво и јас ги разбирам“, заклучил Панчев.