Дарко Панчев, во интервју за „Спортклуб“, говорел за престојниот натпревар помеѓу Црвена звезда и Милан. Панчев, служеше војска, поради што не можеше да игра за Црвена звезда во 1988 година, кога реваншот во Брлград се играше два дена. Првиот меч беше прекинат поради густата магла, а во вториот Милан победи по изведувањето на пенали.
Еден од најдобрите напаѓачи во својата генерација, не кри дека е воодушевен од Златан Ибрахимовиќ, кој според најавите нема да допатува во Белград.
„Златан е голем играч, интересен тип, вистински Балканец. По што ние од Балканот се разликуваме од останатите, особено од луѓето од Западот? Тие се како восочни фигури! Немаат смисол за хумор, не знаат да се шегуваат“, рекол Панчев и продолжил.
„Златан го има тоа во себе, бидејќи потекнува од овие простори. За неговите фудбалски квалитети не треба да се разговара. Феноменален играч, исклучителен стрелец. Бог му дал сила, техника, тој тоа го користи на извонреден начин“.