Иван Јуриќ по вторпат доби отказ од Џенова, и на негово место ќе дојде Чезаре Прандели по шокантната елиминација на Грифоне во Копа Италија од третолигашот Виртус Ентела на пенали по 3:3 ремито.
Јуриќ и така беше под притисок поради слабите резултати на клубот во Серија А, и според „Ил Месаџеро“ и „Скај спортс Италија“, Хрватот повторно добива „клоца“ од клубот. Јуриќ дојде во Џенова пред само два месеци откако во октомври го замени Давиде Балардини, тренер пак, кој трипати беше отпуштен од Џенова. Јуриќ не успеа да стигне до ниту една победа со Џенова.
Фото: ЕПА