Горан Пандев. Име кое го познаваат сите кои и ретко понекогаш слушаат за фудбалот. Сега, 37-годишниот македонски капитен, човекот кој во својата кариера постигна еден куп важни голови за своите клубови, го оствари тоа што го ветуваше – со неговиот гол ја однесе Македонија на Европско првенство, подвиг за кој сите мораат да му симнат капа.
Секако, секогаш постоеле некои му ги негирале резултатите, но кариера како на популарниот Гоче е како излезена од приказните.
Роден во Струмица, Пандев беше дел од младинската академија на Беласица, но одигра само една сезона во македонската Прва лига, пред Интер да го купи во летото 2001 година кога имаше само 18 години, следејќи го примерот на уште една фудбалска легенда од Македонија, Дарко Панчев.
Интер го позајмија Пандев на Специја во јули 2003 и тој играше во третата италијанска лига постојано, пред во 2003 да бие пратен во Анкона, кои само што влегоа во Серија А и ја имаа својата најлоша сезона во историјата.
Во јануари 2004, Интер го добија Дејан Станковиќ од Лацио, а Пандев беше пратен во ко-сопственост на римскиот клуб за цена од само 500 евра, иако остана во Анкона до крајот на 2003/04. Во првата сезона кај „бјанкочелестите“, тој блесна со 29 настапи и 3 гола, вклучувајќи го легендарниот гол кога ги совлада Фабио Канаваро, Лилијан Турам и Џанлука Ѕамброта, пред да го уништи Џанлуиџи Буфон.
Следната сезона, под тренерот Делио Роси, Пандев го покажа својот талент и имаше фантастично партнерство со Томасо Роки, а во јули 2006, Лацио го откупија целиот договор. Во 2009 дојде најтешкиот момент во неговата кариера – конфликтот со газдата Клаудио Лотито по желбата на Македонецот да замине од клубот. Лотито го остави да тренира сам четири месеци и не му даде шанса во клубот, а во исто време ја одби понудата на Зенит од 13 милиони евра.
Во јануари 2010, Пандев се врати на „Џузепе Меаца“ кај Интер со четирииполгодишен договор. Тука, под водство на Жозе Мурињо беше дел од славната генерација која во 2009/10 ја освои тројната круна, најголем успех во историјата на „нераѕурите“.
Во 2011 тој се приклучи во Наполи како позајмен фудбалер, а истата година им даде два гола на Јувентус за 3:1 водство во легендарен меч, но на крајот Јуве се врати за 3:3. Со Наполи во 2012 тој освои уште еден трофеј од Копа Италија, пред во 2014 да замине во Галатасарај, каде што не доби вистинска шанса, пред следната година да потпише за Џенова, станувајќи вистински лидер на реално слабиот италијански клуб и помагајќи тие да останат во Серија А.