Top Sport

Пандев го слави 35.роденден, честитката од Џенова на македонски јазик (Фото)

Најдобриот стрелец во историјата на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, денес го слави својот 35.роденден.

Роденденот на Пандев, на социјалните мрежи, му го честитаа од неговиот актуелен клуб Џенова. Клубот на својот голгетер роденденот му го честита со порака на македонски јазик.

Инаку, роденденот на Пандев, не го заборавија и од неговиот поранешен клуб Интер. Пандев е дел од најславната генерација на Интер, која во 2010 година ја освои тројната круна.

„Порасна со нас, се освои со нас. Среќен роденден Горан!“, стои во пораката што Интер ја објави на својот профил на „Фејсбук“.

You grew up with us, you won with us. Happy Birthday Goran ??

Posted by Inter on Петок, 27 јули 2018

Scroll to Top