Македонија, утре ќе и гостува на Италија во Палермо. Победникот ќе се пласира во финалето и ќе ги задржи шансите за пласман на Светското првенство во Катар.
Италија е фаворит, но никој пред време не ја отпишува Македонија. Со оваа констатација се согласува и Горан Пандев. Жал му е само што мораше да дојде до оваа пресметка.
„Овој натпревар не го посакував. Македонија ми е сè, исто така и Италија ми даде сè, тука се родени моите деца. Не е идеално што играме на теренот на европскиот првак. Сепак, јасно е дека тие чувствуваат поголем притисок“, изјавил Пандев за „Кориере дела Сера“.
Натпреварот во Палермо, поради суспензија, ќе го пропушти Елиф Елмас. Парни картони има и Тихомир Костадинов. Пандев жали што Елмас нема да биде на теренот.
„Тоа е голема предност за Италија, тој е клучниот играч во нашиот тим. Таков играч може да им направи големи проблеми на азурите“.