Top Sport

Пандев и Џенова немоќни пред четата на Конте, 0-2 на крајот!

Интер како гостин славеше победа од 2-0 против Џенова во 5 коло од Серија А.

Македонскиот фудбалер, Горан Пандев ги одигра сите 90 минути за домаќинот кој беше во инфериорна улога речиси во текот на целиот меч. Избраниците на Антонио Конте предводени од Ромелу Лукаку беа постојана закана по голот на голманот Перин.

Во првите 45 минути играчите на Џенова ниту еднаш не шутнаа кон голот на Хандановиќ, а истата слика беше и во второто полувреме.

Интер шестпати се закани, трипати топката одеше кон голот на Перин, а притоа две топки завршија во неговата мрежа.

Лукаку во 65 и Д`Амбросио во 79 минута беа стрелци на погодоците за нови 3 бода за „Нероазурите“ кои сега се трети на табелата со 10 бода по 5 меча.

Џенова која го одигра својот четврти сезонски натпревар, досега собра само 4 бода.

Scroll to Top