Top Sport

Пандев и Џенова официјално добија нов тренер – Аурелио Андреацоли

Џенова потврдија дека поранешниот тренер на Емполи, Аурелио Андреацоли е нивниот нов тренер. На својот веб-сајт Џенова објавија дека Андреацоли го презема тимот на 1 јули и дека има двегодишен договор.

Со неговото доаѓање се става крај на краткото владеење на Чезаре Прандели, кој успеа да обезбеди прволигашки статус и следната сезона, но само поради подобар меѓусебен дуел со Емполи.

65-годишниот Андреацоли беше помошник на повеќе тренери во Рома од 2005 до 2017, пред да ги предводи Емполи во Серија А минатата година.

Scroll to Top