Top Sport

Пандев игра во „малата“ Џенова, поради тоа е во сенка на Ибрахимовиќ и Роналдо

Само поради тоа што игра во „малата“ Џенова, 37-годиниот Горан Пандев е во сенка на врсниците Златан Ибрахимовиќ (39), Кристијано Роналдо (36) и Фабио Кваљарела (38). Добро е што македонскиот ас не замина во пензија, бидејќи неодамна го постигна 100. гол во Серија А, а летово ќе игра на ЕП, до кое Македонија дојде со неговиот гол против Грузија.

Вака, хрватскиот портал „Индекс“, го започнува текстот посветен на најдобриот македонски фудбалер. Пандев е македонски рекордер, има најмногу настапи (117) и постигнати голови (37).

Пандев за се она што го постигна во кариерата, во 2009 година е одликуван од тогашниот претседател Бранко Црвенковски.

Заклучокот на „Индекс“ е дека за она што го постигнал по 2009 година, Пандев уште само може да биде прогласен за крал.

Овде може да го прочитате целиот текст.

Scroll to Top