Фото/ ffm.mk
Горан Пандев, легендата на македонскиот фудбал, од пред шест месеци се наоѓа на нова функција. Со промените во Фудбалската федерација на Македонија, Пандев стана спортски директор на националниот тим.
Пандев во интервју за „ФутМоб“ проговори за односот што го има со селекторот на сениорската репрезентација, Благоја Милевски.
„Нашиот однос е професионален. Тој е актуелен селектор на репрезентацијата, доби поддршка од раководство предводено од претседателот Омерагиќ. Ги започна добро квалификациите за Светското првенство 2026, се надевам дека ќе нè направи среќни и ќе нè однесе на нашето прво Светско првенство. Самиот одлучува својата судбина, бидејќи резултатите се огледало на работата на тренерот и му посакувам многу среќа.“