Top Sport

Пандев ја оправда довербата на Мота, нов гол за Џенова (видео)

Македонскиот капитен, Горан Пандев го отвори резултатот на мечот меѓу двата италијански тима кои се наоѓаат во лоша форма, Џенова и Удинезе, постигнувајќи гол во 22. минута од мечот на „Луиџи Ферарис“.

Очигледно, Македонецот ја има довербата на својот поранешен соиграч, а сега тренер на Грифоне, Тијаго Мота, кој го постави во нападот и Пандев одговори со убав гол по двојното проигрување со Кристијан Куаме.

Scroll to Top