Горан Пандев, легендата на македонскиот фудбал, се огласи на социјалните мрежи по синоќешниот натпревар Македонија-Бугарија (0:1). Македонија, со пораз го заврши овој циклус во Лигата на нации. На крајот го освои третото место во Групата 4, во Ц-дивизијата, зад Грузија и Бугарија.
По мечот, селекторот Благоја Милевски, изјави дека „Македонија е на вистинскиот пат без разлика на сите проблеми, многуте откажувања и натпреварувачката форма“.
На овоаа оптимистична изјава на селекторот, Пандев со емотикони му порача да „молчи“.
Пандев е македонски рекордер, одигра 122 натпревари, постигна 38 голови.
Милевски: Без разлика на се, мислам дека сме на вистинскиот пат