Top Sport

Пандев против Летонија ќе влезе во „клубот 100“

Најдобриот стрелец во историјата на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, против Летонија, ќе го одигра својот 100 натпревар во дресот на Македонија. Троцифрен број натпревар во репрезентацијата има само Гоце Седлоски.

Селекторот на Македонија, Игор Ангелвоски, денес го објави списокот на фудбалери за првите два квалификациски натпревари и ги повика навивачите да дојдат во што е можно поголем број за да го поздрават јубилејот на Пандев.

„Името на Горан Пандев значи многу, тој е најдобриот македонски фудбалер на сите времиња. Ќе го дадеме максимумот да победиме на неговиот јубилеен меч. Апелирам до навивачите да дојдат во што е можно поголем број и да го поздрават Пандев. Ако можат во Италија да го поздравуваат 70.000 луѓе, зошто тогаш ние да не го наполниме стадионот“, рекол селекторот Ангеловски.

Македонија ќе ја пречека Летонија во првиот меч од овој квалификациски циклус на 21 март.

Scroll to Top