Top Sport

Икарди добил две конкретни понуди

Летниот преоден рок треба да донесе крај на сапуницата околу иднината на Мауро Икарди. Аргентинецот има доволно време да реши дали ќе остане во Интер или кариерата ќе ја продолжи во некој друг клуб.

Доколку репи да замине, во игра биле две опции, барем така тврди новинарот Танкреди Палмери.

Тој тврди дека менаџерката Ванда Нара, инаку сопруга на Икарди, добила две конкретни понуди. Една од Наполи, а една од Реал Мадрид.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, на напаѓачот му понудил годишна плата од девет милиони евра и дополнителни два милиони низ разни бонуси.

Новинарот шпекулира дека Реал биле подготвени да му понудат поголема плата од онаа што ја нуди Де Лаурентис. Доколку Реал се откажат од трката по потписот на Икарди тоа ќе биде поради неговата сопруга Ванда Нара, која изминатите два месеци со изјавите предизвика хаотична состојба во Интер.

Scroll to Top