Top Sport

Пандев се збогуваше со Грифоне: Genoa per sempre!

Горан Пандев од вчера е нов фудбалер на Парма, откако во едно од најголемите изненадувања на италијанскиот фудбалски пазар, по седум години се прости од Џенова, каде што на „Мараси“ беше миленик на навивачите со својата скромност, посветеност и постојаност.

Тој денеска им прати порака на фановите на најстариот италијански фудбалски клуб, велејќи дека секогаш ќе бидат во неговото срце.

„Тешко е да се напуштат овие бои. Почувствував дека е време да си заминам, никој не ме натера на тоа. Дојдов до тука со страста, свесноста дека си дел од проект. Не можеш да се лажеш себеси, но ќе ви порачам секогаш ќе бидете во моето срце: мој град, мои бои, мој плоштад. Би сакал да се вратам и да се поздравам со вас како што треба, на ‘Мараси’, уште еднаш да ја чујам публиката. Благодарам за сите чувства кои ми ги дадовте. Џенова засекогаш“, напиша поранешниот македонски капитен на Инстаграм.

Scroll to Top