Горан Пандев е главниот виновник што Џенова не оствари важна победа над Фиорентина, откако по неговиот директен црвен картон за опасен старт, „Виола“ направи пресврт и од 2:1 го заврши мечот со 3:2 гостинска победа.
Фиорентина поведе во 43. минута преку Марко Бенаси, но „Грифоне“ успеа да се врати во второто полувреме, и со головите на ветеранот Роси и Џанлука Лападула, во 64. и 67. минута дојдоа во одлична предност.
Но, тогаш Пандев имаше опасен старт и директно доби црвен картон во 71. минута. Шест минути подоцна Валентин Ејсерик израмни на 2:2, а Брајан Дабо во 80. минута го комплетираше пресвртот. До крајот на мечот, црвен картон доби и Ервин Зукановиќ.