На денешен ден во 2010 Горан Пандев со Интер го крена трофејот наменет за победникот во Лигата на шампионите. Генерацијата на Интер која од клупата ја предводеше Жозе Мурињо е една од ретките во светскиот фудбал која во една сезона успеа да освои „триплета“.
Интер во сезоната 2009/2010 покрај Лигата на шампионите ги освои Серија А и Копа Италија.
Пандев имаше значаен придонес во освојувањето на трофеите иако во Интер пристигна во јануари 2010 година како слободен играч од Лацио.
Интер во финалниот меч на „Сантијаго Бернабеу“ го победи Баерн Минхен со 2:0 со головите на Диего Милито. Пандев играше до 79 минута кога беше заменет со Сули Мунтари.
Тимовите финалето го одиграа во следните состави:
Баерн: Бут – Бадштубер, Де Микелис, Ван Бујтен, Лам – Алтинтоп, Швајнштајгер, Ван Бомел, Робен – Олиќ, Милер
Интер: Жулио Цезар – Маикон, Лусио, Самјуел, Киву – Занети, Камбијасо, Снајдер – Ето, Пандев, Милито.