Top Sport

Пандев стартер, Џенова победи (Видео)

Фудбалерите на Џенова како гости победија кај Кротоне (0:1), во првиот натпревар од неделната програма во 13.коло, во Серија А.

Новиот тренер Давиде Балардини во почетниот состав му даде шанса на Горна Пандев, а капитенот на македонската репрезентација му во возврати со одлична партија.

Пандев одигра еден час, а додека играше беше константна опасност по одбраната на Кротоне. Имаше и две полу-шанси кои не успеа да ги реалзира. Во 60.минута Галабинов го замени Пандев.

Решавачкиот момент на натпреварот се случи во 11.минута кога Ригони со глава го постигна единствениот гол.

Џенова ја прекина низата од три порази и ја забележа втората победа во Серија А. Тимот на Пандев победи прв пат по 34 дена, кога славеше кај Каљари. Џенова сезонава се уште нема победа на домашен терен.

Џенова по 13 натпревари има девет бода, скор од две победи, три ремија и осум порази и гол разлика 11:19. Во наредното коло екипата на Пандев ќе ја пречека Рома.

Scroll to Top