Top Sport

Бура во соблекувалната на Реал: Роналдо сам против сите

Бурно било во соблекувалната на Реал по синоќешното градско дерби, во кое „кралскиот клуб“ одигра 0-0 со Атлетико. По ремито двата тима имаа десет бода помалку од лидерот во Ла Лига, Барселона.

„Дон Балон“ кој не секогаш е релевантен извор на информации, објави дека во соблекувалната на „Ванда Метрополитано“, имало жолчна расправија помеѓу Кристијано Роналдо и Лука Модриќ.

Наводно Португалецот на соиграчите им рекол дека сезоната е веќе загубена и дека траб да заборават на трофеите.

Според истиот извор, Кристијано бил лут на Иско, односно му замерил дека премногу ја држел топката и дека тој требало да се враќа назад за да ја организира играта. Модриќ од друга страна ја држел страната на Иско, со зборовите дека токму тој бил најдобриот играч на Реал во дербито.

Дека во соблекувалната на Реал постои поделба во кланови, особено откако резултатите се далеку од посакуваните, говори и фантот што никој од фудбалерите ме сака директно да говори на оваа тема.

По неуспешните резултати, шпанските медиуми пишуваат дека претседателот Флорентино Перез ја загубил довербата во тренерот Зинедин Зидан, односно му забележува што не им дава повеќе шанси на младите Марко Асенсио и Дани Себаљос.

Од друга страна Зидан смета дека вина за оваа ситуација има и кај претседателот кој дозволил Алваро Мората да замине од тимот, а не неговото место не сакал да го донесе Килијан Мбапе.

Scroll to Top