Академија Пандев е новиот лидер во македонската Прва лига, откако во вечерното дерби на колото направија камбек за 2:1 победа над Ренова.
Гостите први дојдоа во водство, кога во 24. минута стрелаше Фатјон Јусуфи, но на стартот на второто полувреме, струмичани успеаја да направат пресврт. Андреј Стојчевски во 49. минута израмни на 1:1, пред Кристијан Велиновски во 56. минута да ги постави конечните 2:1.
По четири гола, „пандевци“ имаат 3 победи и 1 реми и се на првото место на табелата со 10 поени, пред Струга со осум поени.