Top Sport

Пандевци се простија од Европа без постигнат гол (Видео)

Со два порази и без постигнат гол Академија Пандев го заврши својот деби настап во европските купови. Победниците во фудбалскиот Куп на Македонија нема сили во двата натпревари да му се спротивстават на Зрињски.

Екипата од Мостар, пред една недела, победи во Скопје со 3.0, а вечерва во реваншот пред своите навивачи победи со идентичен резултат.

Првото полувреме заврши без голови, а Зрински во вториот дел ја оправда улогата на фаворит и го потврди пласманот во наредната рунда во Лига Европа.

Првиот гол го постигна Мандиќ во 50 минута, потоа во 79 предноста на Зрињски ја зголеми Говедарица, а во втората минута од екстра времето конечните 3:0 ги постави Гојковиќ.

Scroll to Top