Тренерот на берлинска Херта, Пал Дардаи е позитивен на коронавирусот, соопштија денеска од клубот.
Освен него, заразени со опасниот вирус се и неговиот помошник – Адмир Хамзагиќ, но и напаѓачот Доди Лукебакио.
Информациите се дека сите тројца се без симптоми, но во изолација.
Херта се подготвува за клучните мечеви во борбата за опстанок во Бундеслигата. Берлинскиот прволигаш моментно е на 15-тата позиција, а во недела за противник го имаат тимот на Мајнц, кој е една позиција погоре на табелата од нив.
Спортскиот директор Арне Фридрих, кој има тренерска лиценца, ќе ја преземе екипата додека Дардаи е отсутен.