Top Sport

Тотенхем имаат нов „спонзор за бои“, на Мурињо ништо не му е јасно!

Тотенхем повторно беше мета на шеги на социјалните мрежи, откако лондонскиот клуб објави дека „Дјулукс“ (Dulux) компанијата за производство на бои е нивни нов „официјален спонзор за бои“.

По ова, компанијата, чија маскота е едно прекрасно кученце, тргна во брутална Твитер „војна“ со клубот. На шега дека е време да се „обои кабинетот со трофеи на Спарс“, тие вратија со фотографија на празен кабинет, а потоа посочија дека кученцето можеби би било подобро како централен бек на клубот.

На крајот, на прес-конференција на Жозе Мурињо се случи и најсмешната случка, кога тој, како познат љубител на кучиња реагира на новиот спонзор, и португалскиот стручњак едноставно не знаеше како да одговори, прашувајќи ги своите помошници: „Што е тоа“?.

Scroll to Top