Top Sport

Панучи ќе биде тренер на Осјек?

Легендарниот италијански фудбалер Кристијан Панучи би можел да стане тренер на хрватскиот прволигаш Осјек, објави „Гласот на Славонија“. Истиот извор додава дека првиот човек на клубот го фаворизирал Игор Бишчан кој неодамна ја напушти Ријека.

Панучи тренерската кариера ја започнал како помошник на Фабиот Капело во репрезентацијата на Русија, а потоа бил тренер на Ливорно и Тернана. Бил и селектор на Албанија, а од функцијата отстапил во март оваа година.

„Претседателот активно се вклучи во потрагата по нов тренер. Во овој момент тоа е чувствително прашање и поради тоа внимателно ќе ги разгледаме опциите. ВМожам да кажам дека не ја исклучуваме можноста да ангажираме странски тренер“, рекол клупскиот портпарол.

Кристијан Панучи како играч настапувал за Милан, Рома, Монако и Реал Мадрид.

Scroll to Top