Кристијан Панучи вели дека ситуацијата во неговиот поранешен клуб Рома е „неоддржлива“ бидејќи тие имаат газда кој нема поим што прави.
Иако Рома се на дофат до место во Лигата на шампионите, надвор од теренот клубот го следи хаос – спортскиот директор Џанлука Петраки е суспендиран поради конфликтот со претседателот Џејмс Палота, кој сака да го продаде тимот, но не може да најде купувач поради огромните долгови на клубот.
„Ситуацијата е неоддржлива. Внатрешната ситуација во клубот е како буре со барут, како што се виде со Петраки. Има газда кој никогаш не е тука и нема поим што се случува и тоа е проблем за клуб како Рома“, вели Панучи, кој одигра над 300 меча за Рома од 2001 до 2009 година.
И покрај ова, поранешниот дефанзивец вели дека е за пофалба што го донесоа Педро од Челси и побара од клубот да го заддржи Лоренцо Пелегрини.
„Педро е одличен фудбалер со огромно искуство и може да работи со младите фудбалери на Рома. Пелегрини пак, е голем талент и го има совршен преглед на играта. Фудбалер со потенцијал од светска класа“, вели Панучи.