Дефанзивецот на Сасуоло, ветеранот Паоло Канаваро влезе во остар напад на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) по фијаското и неуспехот на „аѕурите“ да се пласираат на СП првпат од 1958 година.
Канаваро, братот на пославниот дефанзивец Фабио, ги нападна „мумиите кои го контролираат италијанскиот фудбал“, и во исто време ги нападна странските играчи во Серија А.
„Момци, не го загубивме Светското првенство денеска, туку пред 15 години кога благодарение на собирањето пари на тие во фудбалскиот свет, Италија донесе неуспеси од сите делови на светот за да ги украдат местата на нашите момци. Им дадовме слава и пари благодарение на нашите италијански тренери, кои остануваат најдобри на светот. Се надевам дека стигнавме до дното, за да можеме да го реформираме нашиот фудбал. Збогум за мумиите кои го контролираат италијанскиот фудбал и место за младите на теренот и надвор од него. Тргнете се од проклетиот пат. Чест за големиот Џиџи Буфон кој пропушти шанса да биде единствениот фудбалер кој учествувал на СП, и имаше храброст да застане пред камери. Се надевам дека неговите солзи се последни за нашиот фудбал. Да ја поддржиме новата Италија која ќе дојде. Да бидеме старата Италија на која сите и завидуваа. Ни требаше ова да не разбуди“, напиша Канаваро на Инстаграм.