Top Sport

НБА: Корвер и Леброн го замолкнаа Њујорк

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа девет натпревари, а натпреварот во Њујорк привлече најголемо внимание. Њујорк не успа да слави против актуелниот вицепрвак Кливленд иако во еден момент од натпреварот имаше предност од 73:50.

Кливленд успеа да ја стигне и престигне предноста на Њујорк на 90 секунди до крајот кога Леброн Џејмс постигна тројка. На карјот Кливелнд победи 104:101. Леброн беше на чекор до трипл дабл (23 поени, 12 скока, 9 асистенции), но клучен човек за победата беше ветеранот Кајл Корвер кој уфрли 21 поенод 19 постигна во последната четвртина.

НБА, резултати:

Портланд Трејлблејзерс-Денвер Нагетс 99:82
Вашингтон Визардс-Сакраменто Кингс 110:92
Јута Џез-Минесота Тимбервулвс 98:109
Њујорк Никс-Кливленд Кавалирс 101:104
Милвоки Бакс-Мемфис Гризлис 110:103
Њу Орлеанс Пеликанс-Атланта Хокс 106:105
Феникс Санс-ЛА Лејкерс 93:100
Голден Стејт Вориорс-Орландо Меџик 110:100
ЛА Клиперс-Филаделфија 105:109

Scroll to Top