Пауло Соуса, побарал да го раскине договорот со Фудбалскиот сојуз на Полска. Португалецот ја прифатил понудата од Фламенго, поради што побарал Полјаците да го ослободат од обврските.
Од Фудбалскиот сојуз на Полска, потегот на Соуза го нарекле неодговорен. Селекторот сака да замине, во ситуација кога треба да се подготвува за баражот, за пласман на Светското првенство во Катар.
„Соуса ме информираше дека сака спогодбен раскин на договорот. Ми кажа дека добил понуда од друг клуб. Неговото однесување е неодговорно, го одбивме неговото барање“, рекол претседателот на Фудбалскиот сојуз на Полска, Чезари Кулеша.
Полска во полу-финалето, во баражот ќе игра против Русија, доколку победи ќе игра против подобриот од пресметката помеѓу Шведска и Чешка.