Top Sport

Паоло Соуса ја презеде Салернитана

Фудбалскиот клуб Салернитана го разреши Давиде Никола од тренерската функција, на негово место ќе дојде Пауло Соуса, соопшти италијанскиот клуб.

Никола беше отпуштен во јануари по серијата лоши резултати, но беше вратен на клупата два дена подоцна.

Салернитана е на 16. место во Серија А со 21 бод и е четири над зоната за испаѓање.

Никола доби отказ по поразот од Верона (1:0), во важен меч во борбата за опстанок. На последните десет натпревари Салернитана освои само пет бода.

Никола ја води Салернитана од февруари минатата година, а со клубот минатата сезона успеа да остане во Серија А.

Португалецот Паоло Соуса, се враќа во Серија А по шест години, тој ја водеше Фиорентина од 2015 до 2017 година.

Поранешниот играч на Јувентус и Интер, во текот на својата тренерска кариера, меѓу другите ги водеше и Свонси, Лестер, Макаби Тел Авив, Базел, Бордо, а беше и селектор на Полска.

Scroll to Top