Паоло Соуса повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Полска. Португалецот кариерата ќе ја продолжи во Фламенго.
Минатата недела, Соуса, добил понуда од бразилскиот клуб. Понудата ја прифатил без размислување. Челниците на Фудбалскиот сојуз на Полска и покрај тоа што најавуваа дека нема да му дозволат да ја напуштат функцијата, решија да ја прифатат оставката.
„Едногласно решивме да го раскинеме договорот со Паоло Соуса. Договорот е раскинат на штета на селекторот“, соопштија од Фудбалскиот сојуз на Полска.
Раскинот на договорот Соуса ќе го чини 300.000 евра. Соуса ја предводеше Полска од јануари 2021 година.
Полјаците сега мора експресно да најдат нов селектор, бидејќи во марти ги очекува баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Медиумите тврдат дека репрезентацијата ќе ја преземе, Адам Навалка, кој беше селектор од 2013 до 2018 година.