Top Sport

Папата Франциск: Диего беше поет на теренот, шампион… го осудувам неговото користење на допинг

Поглаварот на римокатоличката црква папата Франциск, говорел за својот сонародник, легендарниот фудбалер Диего Марадона, кој почина на 25.ноември минатата година.

Папата Франциск, кој е голен обожавател на фудбалот и навивач на Сан Лоренцо, се присетил на средбата до Марадона.

„На теренот секогаш беше поет, голем шампион, им подари радост на милиони луѓе и во Аргентина и во Неапол. Сепак тој беше кревка личност. Допингот во спортот не е замо мамење, туку и пократок пат за уништување на достоинството. Чист и чесен пораз се подобри од нечесна победа. Тоа го мислам за целиот свет, не само за светот на спортот“, рекол папата Франциск.

Scroll to Top