Top Sport

Папу Гомез: Бергамо е празно, како да сме во некој хорор-филм

Капитенот на Аталанта, Алехандро „Папу“ Гомез го објаснува чувството да се биде во Италија во текот на пандемијата со корона вирус, велејќи дека ситуацијата во Бергамо е како да сте во хорор-филм.

Италија првично ги затвори само северните провинции, но од оваа недела цела земја е во „карантин“ по одлуката на италијанската влада и отворени се само супермаркетите.

„Нема никој на улиците. Навивачите мораат да ги почитуваат правилата. Единствено што е отворено се супермаркетите, но можеш да нарачаш преку Интернет и да ти донесат сè до куќата. На улиците нема никого, како да сме во хорор-филм. Верувајте, не претерувам. Постојано добиваме вести од Аргентина и би сакал и таму луѓето да ги преземат потребните мерки, бидејќи досега ја сфаќаат ситуацијата несериозно. Во Бергамо има 400 случаи, а не сме во голем град“, вели Гомез.

Scroll to Top