АДО Ден Хаг потврдија дека со взаемен договор се разделиле со тренерот Алан Пардју по само четири месеци.
Англискиот тренер, кој претходно работеше со Вест хем, Кристал палас и Њукасл, пристигна во Холандија во јануари во обид да го спаси тимот од испаѓање, и иако немаше добри резултати во осумте лигашки мечеви, успеа во тоа, бидејќи Ередивизие беше откажана со одлука да нема испаѓање.
58-годишниот Пардју вели дека на убаво ќе се сеќава на времето во клубот, иако еден негов тренинг беше прекинат од лутите навивачи поради слабите резултати.
„Благодарам на сите во АДО Ден Хаг за последните неколку месеци, посебно на моите фудбалери кои го дадоа максимумот. Ова беше прекрасна холандска авантура и им посакувам сè најдобро“, вели Пардју.
Алан Пардју ги „спаси“ Ден Хаг – без победа од јануари, но со опстанок во лигата