Top Sport

Паредес: Сите во ПСЖ зборуваме за пристигнувањето на Меси

Пред првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите против Барселона, Леандро Паредес признава дека сите фудбалери на Пари Сен-Жермен „многу зборувале“ за потенцијалното доаѓање на Лионел Меси на „Паркот на принцовите“.

Ова е последна во низата на изјави на фудбалерите (но и управата) на ПСЖ за доаѓањето на Меси во Париз, нешто што го вознемири тренерот на Барселона, Роналд Куман, кој ги обвини дека немаат почитување кон клубот.

„Со Меси против нас ќе мораме да се браниме добро и се надевам на добар меч, со контрола на топката за да не дозволиме да ни направи проблеми. Зборувавме многу во соблекувалната за тоа дали тој ќе дојде кај нас, но сега не зборуваме за тоа. Фокусирани сме само на натпреварот“, вели соиграчот на Меси од аргентинската репрезентација.

Scroll to Top