Top Sport

Џордан ќе донира 10 милиони долари за две болници во Северна Каролина

НБА легендата Мајкл Џордан уште еднаш покажа дека е вистински филантроп, откако објави дека ќе донира 10 милиони долари за две клиники во Северна Каролина, посочувајќи дека на сите им е потребна „достапност до квалитетна медицинска помош“.

„Горд сум што во партнерство со ‘Новант хелт’ ќе помогнеме мојот роден град да добие подобра медицинска помош. Сите треба да имаат достапност до квалитетна медицинска помош, без разлика каде живеат и дали имаат осигурување. Вилмингтон има посебно место во моето срце и прекрасно е да може да се врати на заедницата која ме поддржуваше во мојот живот“, вели Џордан.

Џордан не само што е израснат во Вилмингтон, туку таму одеше и на Универзитетот на Северна Каролина. Ова е вторпат тој да донира за клиники, откако во 2017 даде 7 милиони долари за изградба на две клиники во Шарлот. Покрај овие донации, минатата година, Џордан вети 100 милиони долари за подобрување на расната еднаквост и социјалната положба на Афроамериканците.

Scroll to Top