Top Sport

Парехо за Нагелсман: Кога ќе плукаш нагоре, некогаш ти се враќа во лице

Вилјареал вчера направи едно од најголемите изненадувања во Лигата на шампионите последната деценија, елиминирајќи го германскиот гигант Баерн Минхен во четврт-финалето, покажувајќи дека големината се докажува на теренот.

Капитенот на „жолтата подморница“ по големиот успех не се воздржа и реши да го нападне тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман за неговите коментари пред мечот.

„Кога беше ждрепката и тие го добија Вилјареал, нивниот тренер, кого не го познавам, не само што покажа непочитување кон Вилјареал, туки и кон фудбалот кога кажа дека сака да го реши дуелот во првиот меч. Тоа беше непочитување кон нас. Некогаш кога ќе плукнеш нагоре, ти се враќа во лице“, изјави Парехо.

Нагелсман, пак, претходно оваа недела уште еднаш ги провоцираше Вилјареал, велејќи дека може да зажалат што не дале повеќе олови во првиот меч.

„Во првиот меч згрешивме што не ги докрајчивме. Сите коментари кои ги слушнавме ни беа дополнителна мотивација“, вели напаѓачот Жерард Морено.

Scroll to Top