Пари Сен-Жермен потврдија дека поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Андер Ерера е нивно ново засилување, доаѓајќи на „Паркот на принцовите“ како слободен фудбалер.
29-годишниот Ерера помина пет сезони на „Олд Трафорд“ откако дојде од Атлетик Билбао, одигрувајќи 189 меча и освојувајќи го ФА купот, Лиг-купот и Лига Европа со „ѓаволите“. Тој си замина од Јунајтед откако договорот му истече, а Јунајтед не му понуди идентичен договор како тој кој го доби од ПСЖ, и сега се обврза на пет години со францускиот шампион.
„Пари Сен-Жермен е најголемиот клуб во Франција и станува подобар со секоја наредна сезона и се бори за сите титули. Едвај чекав да дојдам во Париз и да го носам овој дрес и се надевам дека ќе продолжам да правам историја со клубот. Париз е најубавиот град на светот. Јас можам да ветам три работи: работа, професионализам и страст. Исто така ветувам дека ќе го подобрам знаењето на францускиот јазик“, изјави Ерера.
?✍️? #WelcomeAnder
¡Bienvenido a Paris @AnderHerrera! ?
?? #ICICESTPARIS pic.twitter.com/SecpQloWne
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) July 4, 2019