Менаџерoт на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, ја признал вината за затајување на данок во Шпанија, во периодот кога бил тренер на Реал Мадрид. Претходно, пред судот, поради затајување на данок, се најдоа Лионел Меси, Нејмар, Кристијано Роналдо, Алексис Санчез и уште неколку познати фудбалери.
Мурињо, сакајќи да избегне понатамошно судење, веднаш ја признал вината. Шпанските власти го обвиниле Португалецот дека избегнал да плати данок во износ од 3,3 милиони евра.
Откако ја признал вината, судот одредил, дека Мурињо мора да плати обесштетување од 669.323 евра. Исто така судот му определил условна затворка казна во време траење од една година.
Истрагата против Мурињо, шпанските даночни власти ја покренаа пред една година, кога откриле дека тренерот не платил данок на комерцијалните права во 2011 и 2012 година.