Top Sport

Парите го закочија трансферот на Алексис Санчез

Алексис Санчес е подготвен да го напушти Манчестер Јунајтед, Интер го сакаат Чилеанецот во своите редови, но трансферот го кочат парите, поточно платата на фудбалерот.

Чилеанецот во Јунајтед неделно заработува 390.000 фунти, сума што челниците на интер не можат да ја издвојат. Според италијанските медиуми тие биле во можност да му исплаќаат двојно помала сума од онаа што ја добива на „Олд Трафорд“.

Алексис Санчез според новиот тренер на Интер, Антонио Конте, би бил идеален партнер за двајцата напаѓачи Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.

Scroll to Top