Top Sport

Парите од продажбата на Челси уште се на сметката на Абрамович?

И покрај ветувањето на Роман Абрамович дека парите од продажбата на Челси ќе одат на жртвите од војната во Украина, според британскиот пратеник од лабуристичката партија Крис Брајант, средствата уште се на сметката на рускиот милијардер.

„Еден од луѓето кои се санкционирани во Обединетото Кралство е Роман Абрамович. Неговиот Челси беше продаден на 30 мај, но милијардите фунти стојат на неговата банкарска сметка бидејќи уште не е формирана фондацијата за тие да се дадат на луѓето на Украина. Кога ова ќе биде средено?“, праша Брајант на седницата на британскиот парламент.

Абрамович мораше да го продаде Челси поради санкциите кои му ги наметнаа во Британија поради наводната блискост со рускиот претседател Владимир Путин. Клубот сега е во рацете на американска компанија предводена од Тод Бели, кој продолжи со фантастичното трошење на лондонскиот клуб, со над 250 милиони фунти во засилувања во летниот преодедн рок.

Scroll to Top